„Мило ми е што заминав од Челси“

Поранешниот фудбалер на Челси, Дени Дринквотер призна дека му е мило што го напуштил лондонскиот клуб, пренесуваат британските медиуми.

Поранешниот англиски репрезентативец во пет поминати години на „Стемфорд Бриџ“ одигра само 25 натпревари.

„Потрошив голем дел од моите најдобри фудбалски денови. Чувствувам олеснување, бидејќи ситуацијата не беше добра ни за мене ни за клубот. Лут сум само поради тоа како се однесуваа тие со мене, но не сум огорчен. Единствено сум среќен што заминав“, изјави Дринквотер. 

Се вчитува...