Милојевиќ: Немаме ни „банка“, а сакаме Ферари – тоа сме ние

Црвена Звезда претрпе убедлив пораз на домашен терен од Тотенхем, но тренерот Владан Милојевиќ застана во одбрана на својот тим, потенцирајќи дека разликата меѓу српскиот тим и англискиот премиерлигаш сепак е преголема.

„Клучната разлика е во парите, а ние не се задоволуваме со самиот факт дека сме меѓу 32-те најдобри екипи во Европа. Видете денеска, Галата прими шест гола од Мадрид, разликата е голема, а мислам дека во иднина ќе биде уште поголема. Зарем мислите дека големите случајно зборуваат да си созддат затворени лига. Зарем не беше очигледна разликата денеска, Тотенхем беше доминантен, физички посилен, побрз. Но, тоа сме си ние, немаме ниту „банка“, а сакаме да возиме Ферари“ – истакна стратегот на „црвено-белите“.

Голем дел од критиките по синоќешниот дуел беа упатени кон младиот дефанзивец Његош Петровиќ, но Милојевиќ цврсто верува во овој млад фудбалер.

„Тешки зборови се упатуваат кон овој млад фудбалер. Тој е еден од најталентираните во цела Србија, па кога ќе стане играч ако не сега. Минатиот пат игравме со друг во одбраната, па примивме пет гола. Најголемото богатство на Црвена Звезда се Петковиќ, Николиќ и Крстовиќ, не е добро наместо да говориме за Његош како бисер ние сега да го газиме поради поразот од Тотенхем. Затоа сме такви какви што сме“ – порача Милојевиќ.

Се вчитува...