Српскиот првак Црвена Звезда доживеа нов дебакл во Лигата на шампионите, откако во Белград загуби од Баерн Минхен со 0-6. Роберт Левандовски беше стрелец на четири гола за германскиот бунеслигаш, а тренерот на „црвено-белите“, Владан Милојевиќ, призна дека Баерн е светлосни години напред.
„Се ми е потполно јасно. Го гледате противникот и не можете да парирате ниту во еден сегмент. Тоа ни вовлече страв, а како што реков пред натпреварот, не смееш да се плашиш од ниту еден противник. Тоа е она што не ми се допаѓа. Секогаш сум се прашувал како изгледаат фудбалери од 100 милиони евра. Сега знам. Ова е можност за нас да видиме каде оди фудбалот, мораме да држиме чекор иако е јасно дека никогаш нема да можеме да го достигнеме Баерн Минхен“, изјави тренерот на Црвена Звезда, Владан Милојевиќ.
Црвена Звезда во последното коло ќе му гостува на Олимпијакос и треба да остане непоразена доколку сака да продолжи со настапите во Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА