За Милосављев секогаш има место во Топ 5 (ВИДЕО)

Дејан Милосављев беше херој во првиот четвртфинален натпревар во кој Вардар ја направи клучната победа за пласман на Ф4 турнирот во ракометната лига на шампионите. Во реваншот во Сегедин, српскиот репрезентативец придонесе доволно за македонскиот состав да го завери учеството меѓу најдобрите во Келн.

Милосављев одлично изреагира и одбраната со која спречи четири гола предност на Пик Сегед во 20. минута од вторто полувреме му го донесе петтото место во изборот за најдобри одбрани на втората половина од четвртфиналето.

Листата од пет најдобри голмански интервенции можете да ја погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...