Милосављев: Солзите сами течеа, ова е повеќе од ракомет…

Дејан Милосављев повторно бранеше извонредно на голот на Вардар, покажувајќи дека е достојна замена за големиот Арпад Штербик. Српскиот репрезентативец беше меѓу најемотивните по завршувањето на натпреварот, за Милосављев со искрена порака преку својот инстаграм профил да се заблагодари за поддршката.

„Денеска е ден кога почувствував нешто повеќе од она што е ракометот, благодарност до сите што ми го овозможивте тоа. Благодарност до Вардар и до сите луѓе кои беа со нас. Не можев многу да зборувам, беа само солзи, но тие сами се појавија… Благодарам Македонијо, благодарам Вардар“ – порача Милосављев.

Се вчитува...