Милош Биковиќ ќе го игра Дарко Панчев во новиот филм за европската титула на Црвена Звезда

Познатиот српски актер, Милош Биковиќ треба да ја игра една од најголемите легенди на македонскиот фудбал, Дарко Панчев во најновиот филм за освојувањето на европската шампионска титула на Црвена Звезда кој стартува со снимање следната година.

Приказната ќе биде за клубот кој единствен на овие простори обедини Срби, Македонци, Хрвати, Босанци и Црногорци кои ја покорија Европа.

Двајца Македонци кои беа дел од тимот се Дарко Панчев и Илија Најдоски, а „Кобрата“ ќе ја глуми еден од најдобрите српски актери, Милош Биковиќ.

„Панчев ми беше идол како дете. Навистина носам огромна позитивна енергија пред снимањето на филмот. Приказната е интересна, а каква ќе биде реализацијата останува да бидиме“ – вели Биковиќ.

Се вчитува...