Милошевиќ: Халанд е лажго, никогаш не сум кажал такво нешто!

Норвешка синоќа успеа да го добие дербито против Шведска со 2-1, а блиски дуели имаа Ерлинг Халанд и Швеѓанецот со српско потекло, Александар Милошевиќ, кој наводно му се заканил на младиот напаѓач дека ќе му ги скрши нозете.

Халанд по натпреварот се пожали дека Милошевиќ му се заканувал дека ќе го повреди, а притоа го навредувал и го нарекол ку…, по што стигна одговор и од Швеѓанецот.

„Никогаш не сум му кажал такво нешто. не сакам да губам време на работи кои се изговорени на теренот, но јас не разбирам норвешки. Не сум кажал такво нешто за него и тоа е сè“, вели Милошевиќ.

Се вчитува...