Милутинов доби понуда од соништата од Монако

Никола Милутинов е еден од најпосакуваните кошаркари на европскиот пазар откако српскиот центар реши да си замине од ЦСКА Москва во желба повторно да заигра во Евролигата.

Долго се најавуваше дека Милутинов е пред потпис на двогодишен договор со Олимпијакос за плата од 1,4 милиони евра по сезона, но сега сметките на грчкиот шампион сериозно ги замрсува Монако. Имено, тренерот Саша Обрадовиќ е пред потпис на нов договор, а српскиот стратег инсистира токму Милутинов да биде негово главно засилување за наредната сезона. Како што јавуваат француските медиуми, за Србинот е подготвена понуда од 2,5 милиони евра по сезона, значително повисока од онаа во Олимпијакос, па Милутинов сега сериозно размислува да се пресели во „малото кнежевство“ наместо да се врати назад во Грција.

Милутинов сезонава имаше просек од 16,1 поени и 9,1 скокови по натпревар во ВТБ-лигата, но поради повреда ги пропушти клучните натпревари на ЦСКА Москва во елиминацијата од Локомотив Кубан во полуфиналето од регионалното натпреварување.

Се вчитува...