Милутинов го избра Олимпијакос

Никола Милутинов од вчера е слободен играч откако го раскина договорот што го имаше со ЦСКА Москва, но јасно е дека српскиот центар ќе нема проблем да најде нов клуб со највисоки амбиции.

Како што јавуваат српските медиуми, Милутинов веќе ја избрал новата дестинација и во следните денови ќе потпише договор со Олимпијакос, актуелниот европски вицепрвак кој се надева дека со доминантниот центар конечно ќе успее да стигне до титулата во Евролигата. Милутинов е добро познат за „црвено-белите“ од Атина, чии бои ги бранеше од 2015 до 2020 година, пред да се пресели во ЦСКА.

Преговорите траеја веќе извесно време, за на крајот да биде постигнат договор, Милутинов ќе има загарантирани три милиони евра, плус бонуси доколку во овој период Олимпијакос стигне до евролигашката титула.

Се вчитува...