Милвоки Бакс се немилосрдни пред домашната публика: Моќниот Јанис ги сруши надежите на Санс

И третиот натпревар од финалето на НБА му донесе победа на домашниот тим. Милвоки Бакс беа убедливи против Феникс Санс со 120-100.

Санс парираше на противникот само во првиот дел, додека Бакс ја завршија работата доста рано, веќе во втората четвртина, која ја добија со резултат 35-17.

Останатите два периода беа рутинска работа за неверојатниот Јанис Антетокумп и соиграчите. На крајот, конечниот резултат беше 120-100, па сега вкупниот резултат во серија е 2-1 за Санс.

Токму одличниот Ганис ги предводеше Бакс до победата со 41 поен и 13 скока. Тој имаше голема поддршка од Џру Холидеј со 21 поен.

Кај поразените со 19 поени се истакна Крис Пол, додека Девин Букер немаше своја вечер, завршувајќи го мечот со само 10 поени. Четвртиот натпревар се игра во среда-четврток навечер, исто така во салата „Форес форум“ во Милвоки.

 

 

 

Се вчитува...