Милвоки го возврати ударот, Јута поведе со 2-0

По поразите во првите две средби од полуфиналето на Источната конференција помеѓу Милвоки и Бруклин, Бакс стигнаа и до првата победа откако славеа со 86-83. Крис Меделтон и Јанис Адетокумпо беа предводниците на „зелено-белите“ со по 35 поени на кои Америкнаеџот додаде и 15 скока, додека Гркот еден помалку.

Кевин Дурент беше првото име во редвоите на составот од Њујорк со 30 поени, 11 скока и 5 асистенции, додека 22 поени и 5 скока забележа Кајри Ирвинг.

Јута пак поведе со 2-0 во серијата против Клиперс откако славеше со 117-111 на домашен терен. Донован Митчел беше незапирлив во домашниот тим со 37 поени и 4 асистенции, додека него го следеше Кларксон со 24 поени. Кај гостите Реџи Џексон запиша 29 поени, додека Пол Џорџ мечот го заврши со 27 поени, 10 скока и 6 асистенции.

Се вчитува...