Милвоки израмни против Атланта во финалето на истокот (ВИДЕО)

Милвоки Бакс израмни на 1-1 во финалето на Источната конференција во НБА лигата, откако синоќа во вториот меч славеше над Атланта Хоукс со убедливи 125-91.

Јанис Адетокумбо со 25 поени, надополнети со девет скока и шест асистенции беше прво име во победничкиот табор, додека Џру Холидеј уфрли 22 поени.

Кај поразените Тре Јанг со скромни 15 поени беше најдобар поединец, додека Данило Галинари додаде 12 поени.

 

Се вчитува...