Милвоки оди на Бостон во источното полуфинале, Јута спречи „метла“ од Хјустон (ВИДЕО)

Најдобриот тим по регулрниот дел од сезоната Милвоки ќе се соочи со Бостон во источното полуфинале од НБА лигата откако рутниски со 4-0 во победи ја доби серијата од првото коло против Детроит. Милвоки славеше во натпреварот број четири со 127-104 и експресно ја заврши првата рунда.

За Милвоки ова е првпат по 2001 година да мине серија од плеј-офот. Четвртиот натпревар беше најдобар, а Милвоки славеше по пресвртот во вторто полувреме, особено во последната четвртина кога до деветтата минута Детроит имаше постигнато само седум, а Милвоки 28 поени.

Јанис Адетокумбо постигна 41 поен во успехот на Милвоки, додека кај Детроит, Реџи Џексон беше прв стрелец со 26 поени.

Серијата меѓу Бостон и Милвоки ќе почне на теренот на „бакс“ кои ја имаат предноста на домашен паркет во плеј-офот поради првото место во конференцијата на крајот од регуларниот дел. Во минатата сезона овие две екипи се соочија во првото коло од разигрувањето, поуспешен беше Бостон по дури седум натпревари.

Јута успеа да ја продолжи серијат од првто коло со Хјустон најмалку за еден натпревар откако спречи да биде исфрлена по само четири средби во првото коло. „Џезерите“ го добија четвртиот натпревар од серијата со 107-91 и намалија на 3-1 во победи.

Донован Мичел кој постигна вкупно 31 поени, а беше исклучително ефикасен во завршниот сегмент, беше најзаслужен за победта на Јута. Кај Хјустон, Џејмс Харден  со 30 поени вообичаено беше прв на листата стрелци.

Хјустон има шанса на свој паркет да ја затвори серијата, по два дена ќе биде домаќин на петтиот натпревар. Пласманот во полуфиналето за победникот од оваа серија носи дуел со актуелниот шампион, Голден Стејт кој извесно е дека ќе ја мине првата рунда со оглед дека има 3-0 против ЛА Клиперс.

 

Се вчитува...