Милвоки подобар од Вашингтон во мечот на вечерта во НБА, уште една фуриозна ноќ на Јокиќ

Милвоки и Вашингтон го одиграа натпреварот на вечерта во НБА лигата. Милвоки славеше со 135-134, а на гостите не им помогна ниту двоецот Бил-Вестбрук. Бил постигна 42 поени, додека Вестбрук мечот го заврши со 29 поени, 12 скока и 17 асистенции.

Волкер со 32 поени и Татум со 27 поени го предводеа Бостон до победа против Орландо со 96-132. Атланта со 135-103 беше подобра од Феникс, додека феноменалниот Ембид со 34 поени и 12 скока беше прво име во Филаделфија во победата против Хјустон од 115-135. Сакраменто ја совлада Индијана со 93-104 со 31 поен на Багли.

Уште една фуриозна ноќ имаше Никола Јокиќ кој постигна 32 поени и дополни со 12 скока и шест асистенции во победата на Денвер против Њујорк со 113-97.

Јута го декласираше Сан Антонио со 126-94, на крилјата на Кларксон и Богдановиќ кој постигнаа по 30 односно 24 поени.

Портланд го победи Кливленд со 105-141. Портланд до победата беше предводен од Лилард со 32 поени и девет асистенциии, а одличен меч одигра и босанскиот кошаркар, Јусуф Нуркиќ со „дабл-дабл“ ефект од 15 поени и 11 скока.

 

Се вчитува...