Милвоки се избори за „мајсторка“ против Бруклин

Финалето пред финалето, како што го нарекоа многумина дуелот помеѓу Милвоки и Бруклин во четвртфиналето од Источната конференција ќе биде одлучен во „мајсторка“ откако Милвоки изминатата вечер славеше со 104-89.

Крис Миделтон и Јанис Адетокумпо беа предводници на Милвоки со по 30 поени на кои Американецот додаде 10 скока и 5 асистенции, додека Гркот натпреварот го заврши со 17 скока. Кевин Дурант беше прво име кај Бруклин со 32 поени и 11 скока, додека него го следеше Џејмс Харден со 16 поени, 7 асистенции и 5 скока.

Се вчитува...