Минаа точно 13 години од ова ремек-дело на Меси (видео)

Лионел Меси постигнал бројни прекрасни погодоци во кариерата, но еден од најубавите дефинитивно му е оној на реванш-дуелот од Копа дел реј против Хетафе, одигран на денешен ден пред точно 13 години на „Камп Ноу“.

Аргентинецот прифати топка на својата половина, а потоа тргна во незадржлив продор, се ослободи од неколку противнички фудбалери, го мина и голманот на Хетафе и на крајот ја смести топката во мрежата. Гол каков што се дава еднаш во кариерата, дури и доколку си Лео Меси.

Се вчитува...