Минамино има нов клуб

Јапонскиот фудбалер Такуми Минамино кариерата ќе ја продолжи во францускиот шампионат во екипата на Монако. Францускиот клуб на европскиот вицешампион Ливерпул ќе му исплати 18 милиони евра за услугите на Јапонецот, за кого се интересираа бројни клубови ширум Европа, но тој го избра малото кнежевство за нова дестинација во кариерата.

Минамино дојде во Ливерпул во декември 2019 година, а на „Енфилд роуд“ стигна по пет поминати сезони во Салцбург. За „црвените“ одигра вкупно 55 натпревари на кои постигна 14 гола.

Јапонскиот офанзивен фудбалер не беше стандарден кај Јирген Клоп, најчесто добивајќи шанса во англиските купови, но не и во Премиер-лигата и Лигата на Шампионите.

Се вчитува...