Минатиот викенд беше испишана историја во холандскиот фудбал

Викендот кој е зад нас почна новата сезона во холандското првенство, а интересен е фактот што во премиерното коло ниту еден клуб од големата тројка не славеше. Ајакс, ПСВ и Феенорд ремизираа против своите противници, ситуација која за првапат се случува во историјата на холандскиот фудбал.

Интересно е што сите три гиганти беа во негатива на своите натпревари, но сепак на крајот успеваа да извлечат бод. Ајакс на гостувањето кај Витесе одигра 2-2, а со истиот резултат заврши и дербито меѓу Феенорд и Спарта Ротердам, додека ПСВ одигра 1-1 со Твенте.

Во следното коло Ајакс го пречекува Емен, ПСВ игра против Адо Ден Хаг, додека Феенорд го чека тешко гостување кај Херенвен.

 

Се вчитува...