„Министерот нека брка криминалци, Новак не е закана“

Новак Ѓоковиќ е победникот на денот откако успеа да го добие случајот против австралиската влада. Федералниот Суд застана на страната на Србинот и го ослободи, притоа утврдувајќи дека визата му била неосновано одземена по неговото доаѓање на островот.

На страната на српскиот тениски ас застана народот, а и дел од политичарите во Австралија. Еден од овие вторите е и поранешниот тенисер, а денешен политичар Џон Александер кој смета дека нема основи повторно да се бара укинување на визата.

„Изгледа дека Новак кој е негативен на вирусот крона ги исполни сите барање па и судијата се запраша што треба овој човек да направи. На основа на тоа, Новак не претставува закана по здравјето на Австралијанеците. Па тогаш кој е јавниот интерес поради кој министерот ќе го искористи правото и ќе бара актуелниот шампион на Австралија Опен да биде депортиран? Тоа право му е дадено на министерот со цел да ги спречи криминалците да шетаат по нашите улици, или заразени личности да не шетаат, а не да го користи за потенцијален политички проблем. Ми се чини дека е од национален интерес Австралија Опен да остане гренд слем“, пишува Александер.

Се вчитува...