Скандалозната завршница на натпреварот меѓу Кожуф и Башкими е главна тема во македонската спортска јавност, раководството на ФФМ најави истрага и жестоки санкции, а вечерва со свој коментар на истата тема се јави и Министерот Борко Ристовски.
Првиот човек на македонскиот спорт најави дека ќе ја следи истрагата на ФФМ, а доколку се утврди вина – на второлигашот од Гевгелија ќе му биде одземена дејноста спорт.
„Ќе ги почекаме извештаите од ФФМ и доколку се потврдат сомнежите на фудбалскиот клуб Кожуф по итна постапка ќе му биде одземена дејноста спорт! Борбата за чист спорт продолжува и Минитерството за спорт ќе биде секошгаш на вистинската страна“, напиша Борко Ристовски на својот инстаграм профил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА