Министерот за спорт откри кога ќе продолжи Калчо-лигата

Министерот за спорт на Италија, Винченцо Спадафора, беше најгласен во барањата „Серија А“ што поскоро да биде прекината за да не биде раширен коронавирусот меѓу фудбалерите. Неговиот став со задоцнување беше прифатен, а по едното доиграно коло пред целосното откажување заразени беа играчи од неколку клубови.

Ситуацијата во Италија е далеку од стабилизација, но Спадафора е оптимист дека за околу еден месец ќе слушаме подобри вести од Апенинскиот полуостров, па тој веќе го планира и продолжувањето на сезоните на спортските шампионати.

„Ги укинавме сите даноци за спортските клубови до 30 мај. Серија А би требало да продолжи на 3 мај, се ндеваме дека тоа ќе се случи. Во зависност од ситуацијата, тогаш ќе одлучиме дали тоа ќе биде пред полни или пред празни трибини“, најави Спадафора.

За потсетување, до крајот на италијанскиот шампионат има уште 12 комплетни кола, плус четири дополнително одложени натпревари. По 26 комплетирани рунди на првото место се наоѓа Јувентус со 63 бода, само еден повеќе од Лацио.

Се вчитува...