Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски и неговиот Абердин одиграа извонреден натпревар на „Иброкс“ во Глазгов триумфирајќи со 1-3 против големиот Глазгов Ренџерс во 7. коло од шкотската Премиерлига.
Абердин големата победа ја најави уште во првото полувреме со голот на Гартенман во 38. минута.
МекГрат во 68. минута зголеми и на 0-2 за Абердин, а откако домашните преку Сима во 76. минута намалија на 1-2, МекКензи во 85. минута заокружи на 1-3.
Бојан Миовски одигра одлични 80 минути за Абердин, кога беше заменет од Дјук.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА