Еден од најдобрите македонски фудбалери Бојан Миовски имаше одличен настап синоќа во победата над Ерменија од 2-0 во второто коло од новото издание на најмладото репрезентативно натпреварување на УЕФА, Лигата на нации.
Одличниот напаѓач ја потврди победата на Македонија на мечот со Ерменија, а по натпреварот говореше и за трансферот во Жирона…
„Потпишав четиригодишен договор со Жирона, играм во една од најдобрите лиги во светот. Пред мене е Лигата на шампионите што ќе биде едно ново искуство за мене. Ми се реализира сонот од детството со тоа што ќе играм во Лигата на шампионите. Се надевам дека настапите во ЛШ и искуството што ќе го собирам таму ќе ми помогнат и во репрезентацијата“, изјави Миовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА