Миранда донесе „самба“ против Аргентина

Бразил по голема битка славеше над Аргентина со минимални 1-0 во пријателскиот натпревар меѓу двата големи ривали што се одигра на неутрален терен, во Саудиска Арабија.

И „кариоките“ и „гаучосите“ пропуштија по неколку шанси за мечот да биде решен во 93. минута, кога Аргентинците по корнерот на Нејмар заборавија на Миранда, па дефанзивецот непречен од никого од само неколку метри ја затресе противничката мрежа.

Треба да се истакне дека Бразил настапи со своите најдобри фудбалери на оваа средба, додека Аргентина повторно беше со „реновиран“ состав, без голем дел од играчите кои беа стартери на СП во Русија, но по тој неуспех се откажаа од националниот тим.

Се вчитува...