Мирчевски нов играч на ТСЦ Бачка Топола

Српскиот тим ТСЦ Бачка Топола е нов клуб на најдобриот стрелец во македонскиот шампионат, Мартин Мирчевски. Досегашниот фудбалер на Академија Пандев во пролетниот дел постигна 16 гола, а беше поврзуван и со неколку други клубови од Унгарија и Турција, но на крајот се реши за ТСЦ.

Ова нема да му биде прв интернационален предизвик. Во 2018 година шест месеци мина во таборот на Трепча во Косово.

24-годишниот Мирчевски во минатото играше и за Пелистер, Победа, Беласица, Вардар и Академија Пандев. Во 18 меча во пролетниот дел за Академија Пандев постигна 16 голови, и убедливо е прв стрелец во првенството.

ТСЦ по 21 коло во Србија е на 10. место на табелата со 26 бодови. Клубот ќе атакува кон горниот дел од сезоната и плеј-офот во Србија.

Се вчитува...