Мирко Ивановски ja „преживеа“ чистката во Динамо Букурешт, се преговара и со Аврамовски

Мирко Ивановски ќе остане дел од Динамо Букурешт, екипа која направи вистинска „чистка“ во своите редови со ослободувањето на 11 фудбалери. Ивановски дојде во Динамо во септември оваа година, меѓутоа во романските медиуми се шпекулираше дека и тој ќе биде опфатен со „чистката“, меѓутоа стигна демант од претседателот на клубот.

Тој изјавил дека многу му се допаѓа стилот на игра на Ивановски, и дека тој ќе остане во тимот. Во моментов се преговара со играчи на секоја позиција. Еден од нив е и Даниел Аврамовски, кој би можел да стане соиграч на Ивановски.

Оваа информација за Аврамовски беше актуелна уште во октомври, меѓутоа Аврамовски ќе немаше право да игра, со оглед дека подоцна го раскина договорот со Кајзериспор, и затоа мораше да чека до јануари. Тогаш Аврамовски за ЕКИПА изјави дека нема да брза со одлуката за нов клуб, и призна дека има понуда од Динамо Букурешт.

Се вчитува...