Мирко Ивановски стрелец за Диосѓер

Македонскиот интернационалец Мирко Ивановски беше стрелец на погодок за Диосѓер во поразот (1-2) на домашен терен од Академија Пушкаш. Поранешниот репрезентативец погоди уште во петтата минута од средбата, но, сепак, Диосѓер не успеа да ја сочува предноста.

Со головите на Деуч и на Ванечек, тимот на Академија Пушкаш направи целосен пресврт и стигна до триумф на мечот.

Мол Фехервар со 1-0 го совлада Дебрецен. Бобан Николов настапи во второто полувреме и доби минутажа од триесетина минути, а Висар Муслиу не играше поради повреда.

Се вчитува...