Мирковски: Работнички не е само клуб, тоа е карактер, историја и инает

Владимир Мирковски ја има улогата на предводник на КК Работнички во една од најтурбулентните сезони во клупската историја, во која „центарци“ се соочија со најразлични проблеми.

Сепак, главната цел е на добар пат да биде остварена, Работнички се наоѓа на една победа до осигурување на суперлигашкиот статус и за наредната сезона, кога амбициите секако ќе бидат далеку поголеми. Мирковски не ја крие гордоста од последните партии на својот тим, кој го извлече најдоброто од себе кога беше најважно.

„КК Работнички не е само клуб — тоа е карактер, историја и инает. Да останеш со скратен ростер, да работиш во тишина кога сите други се откажуваат, и сепак да создадеш тим што никој не може лесно да го скрши — тоа не е случајност. Тоа е дисциплина. Тоа е вера. Тоа е визија. Овие момци покажаа дека името се брани со срце, не со буџет. Ако клубот продолжи по овој пат — со стабилност, со доверба во луѓето што ја носат приказната и со оваа работничка филозофија — враќањето таму каде што му е местото не е прашање „дали“, туку „кога“. А кога ќе дојде тој момент — ќе биде заслужен“, истакнува Мирковски.

Се вчитува...