Миркуловски ја доби битката со Томовски

Филип Миркуловски и Вецлар ја продолжуваат серијата одлични игри во Бундес-лигата, откако на триумфот над Кил се надоврзаа со рутинска победа над Лудвигсхафен од 26-23. Ова беше нова македонска пресметка во германскиот шампионат ако се знае дека член на гостите е голманот Мартин Томовски, но Миркуловски и соиграчите беа на висина на задачата и не дозволија изненадување.

Средниот бек постигна три погодоци, меѓу нив и оној последниот за Вецлар, со кој беше ставен печат на победата. На спротивната страна, Томовски бранеше неполни 16 минути, период во кој имаше две успешни интервенции.

Магдебург рутински триумфираше на гостувањето против Нордхорн со 21-27, меч на кој Филип Кузмановски повторно не доби соодветна шанса за докажување.

Се вчитува...