Миркуловски: Не се залажуваме од поразот на Ангола со Словенија

mec baner

Филип Миркуловски уште еднаш го покажа своето значаење во играта на македонскиот национален тим по одличниот настап на отворањето против Тунис. Со беспрекорната организација на нападите на „црвено-жолтите“, како и цврстата игра во одбраната, тој помогна да се стигне до толку посакуваниот прв триумф, но Миркуловски е свесен дека мора да се одигра во ист стил и против Ангола, без оглед на фактот дека африканската селекција важи за аутсајдер во нашата група.

Радоста од триумфот над Тунис мораме да ја оставиме зад себе, тоа беше само една од петте средби што ги играме овде во Мец, а сега треба максимално да се насочиме кон Ангола. Оваа селекција е аутсајдер, знаеме дека одигра многу слабо против Словенија, но не се залажуваме и не се опуштаме, очекуваме Анголците да одиграат поразлично, поквалитетно против нас. Сигурно ќе имаат повеќе желба за докажување, ние мораме да влеземе крајно мотивирани и дисциплинирани во натпреварот бидејќи секое потценување на светските првенства скапо се плаќа. Потоа ни следат тешки дуели со Словенија, Шпанија и Исланд, но ние одиме натпревар по натпревар, целосно сме фокусирани на Ангола бидејќи сме свесни за влогот – победа вечерва значи и речиси сигурно осминафинале“ – истакна Миркуловски.

Се вчитува...