Миркуловски со Вецлар славеше победа против Кил

Вецлар, тимот за кој настапува Филип Миркуловски, приреди големо изненадување со убедливата победа против Кил со во натпреварот од 6.коло во германската Бундеслига.

Вецлар уште на стартот тргна офанзивно, а водството на домаќините од 4-1 беше само најава дека Кил ќе има силен отпор. Трофејниот германски тим успеа да ја анулира негативата и во првиот дел на неколку пати да дојде и во водство, но не со повеќе од еден гол. Вецлар замина со гол предност на полувремето (14-13), а потоа во вториот дел успешно ја искористи својата шанса и на крај забележа убедлива победа против големиот фаворит.

Филип Миркуловски запиша еден гол во победата на Вецлар. Најефикасен во домашниот тим со максимални осум од осум беше Кристијан Бјорнсен, а без промашување заврши и Александер Херман постигнувајќи шест гола од исто толку шута кон голот на Кил. Кристијан Дисингер со чпет погодоци беше прв стрелец во составот на Кил.

За Вецлар ова е трета победа во шест одиграни натпревари со која моментно се искачи на  третото место на табелата, со три победи, две нерешени средби и еден пораз.

Се вчитува...