Мирон Гордон – МВП на 17. коло во Првата лига (ФОТО)

Седумнаесеттото коло од Првата кошаркарска лига донесе нови шест возбудливи натпревари ширум Македонија. Овој пат не сите фаворити ја оправдаа улогата, а најголемото изненадување беше приредено во последниот натпревар одигран во Скопје каде дебитантот Чаир славеше против Пелистер.

Сепак фокусот на колото ни доаѓа од Гевгелија каде Кожув стигна до значајна победа совладувајќи го ТФТ во натпревар во кој одново блесна Мирон Гордон. Американецот ги предводеше „црвено-белите“ до триумф со 32 поени при реализација 12 од 18 од поле, 6 асистенции, 4 скока и 3 украдени топки за индекс на корисност од 38 поени.

Се вчитува...