Миротиќ е наследникот на Везенков во Олимпијакос

Никола Миротиќ е главна фаворит за наследник на Саша Везенков во тимот на Олимпијакос, по најавите дека бугарскиот репрезентативец летово конечно ќе се пресели во НБА-лигата. Везенков имаше извонредна сезона за Олимпијакос и веќе е во контакт со челниците на Сакраменто кингс, кои ги имаат правата над него во најсилната лига во светот.

„Кралевите“ од Сакраменто се презадоволни од развојот на Везенков во последните две години и заеднички став е дека тој веќе го достигна нивото неопходно за да може да игра квалитетна кошарка и во НБА. Сакраменто има краен рок до 15 јули да му понуди договор на Везенков, нешто што според сите прогнози ќе се случи, по што тој ќе се пресели од другата страна на Атлантикот.

Ваков исход очекува и Миротиќ, кој самиот ги исконтактирал челниците на Олимпијакос искажувајќи ја подготвеноста да се пресели во Атина. За Црногорецот со шпански пасош се интересираат и Милано и Црвена Звезда, но Миротиќ сака да игра за тим со кој би го нападнал трофејот во Евролигата, нешто што дефинитивно би било случај со Олимпијакос. „Црвено-белите“ од Атина се заинтересирани за ваква соработка, особено ако се знае дека би добиле и отштета од Сакраменто за Везенков, па би можеле лесно да ја покријат платата што ќе ја бара Миротиќ.

Се вчитува...