Миротиќ го победи коронавирусот ќе биде подготвен за „Ел класико“

Никола Миротиќ се опорави од коронавирусот и го одработи првиот тренинг од 13. октомври кога имаше позитивен тест. Асот на Барселона ќе биде во конкуренција за евролигашкото „Ел класико“ против Реал Мадрид, но тренерот на Каталонците, Шарунас Јасикевичиус се уште не е сигурен колку искусниот центар ќе може да му помогне на тимот.

„Морам да видам дали е во добра физичка состојба. Имаме уште малку време до натпреварот, ќе видиме какви перформанси ќе прикаже на тренинзите“, вели Јасикевичиус. 

Миротиќ во вторникот беше дел со екипата на мечот против Сан Себастијан, но не беше во протокол за настап на мечот. За со Реал Мадрид дефинитивно ќе биде во игра за настап, но последната е на Јасикевичиус дали тој ќе настапи против големиот ривал.

Се вчитува...