Миротиќ: Ме избркаа од Барселона, не ме ни прашаа дали сакам да ја намалам платата

Никола Миротиќ потврди дека по четири години поминати во Барселона на крајот на сезоната заминува од клубот. Шпанскиот кошаркар со балканско потекло го загуби своето место за следните сезони по намалувањето на годишниот буџет на каталонскиот тим по новиот неуспех во Евролигата.

А, според искусниот репрезентативец на Шпанија работите можеле да бидат и поинакви доколку некој од клубот воопшто седнел на маса со него и разговарал за иднината.

„Искрено не добив никакво објаснување. Пред се би сакал да ми биде соопштено на друг начин, во друго време и можеби од страна на некои други луѓе, некои кои се на повисоки функции бидејќи верувам дека работите треба да бидат такви. Но добро тоа не е важно сега.

Ни во еден момент клубот не разговараше за мене за потенцијално намалување на плата. Ни во еден момент. А зошто не би помогнал? Зошто да не се сослушавме едни со други. Среќен сум во Барселона и моето семејство исто. Сега не може да има друг начин бидејќи донесоа јасна одлука“, вели Миротиќ.

Се вчитува...