Миротиќ се поблиску до Црвена Звезда

Црвена звезда е во пол-позиција за потписот на Никола Миротиќ, пишуваат европските новинари. Медиумите истакнуваат дека тимот од Белград му понудил на Никола Миротиќ договор врз основа на кој би заработувал три милиони по сезона.

Статусот на црногорскиот кошаркар се уште е многу комплициран, откако тој не се договори со Барселона околу продолжување на договорот.

Ссите го чекаат расплетот на таа ситуација, како и одлуката на еден од најдобрите кошаркари во Евролигата во последните години.

Во јавноста со денови се шпекулираше дека за Миротиќ се заинтересирани Звезда и Партизан, заедно со Монако и Олимпијакос, но во овој момент „црвено-белите“ се во најдобра позиција за неговиот потпис.

Миротиќ минатата сезона во Евролигата имаше просек од 15,4 поени и 4,3 скока.

Се вчитува...