Лона Салпетер е најголемата лузерка на Европското првенство во атлетика што се одржува во Берлин, откако Израелката предвреме застана за време на трката на 5.000 метри, мислејќи дека ја минала целната рамнина.
Таа водеше битка за првото место, но на еден круг пред крајот застана мислејќи дека трката е завршена и дека ќе се закити со сребрениот медал губејќи од Сифан Хасан од Холандија. Проблемот беше што таа не го слушна ѕвоното што го означи последниот круг, па додека да се свести веќе ја загуби битката, па од второ во преостанатите 400 метри падна на четврто место и остана без медал.
Грешка што Салпетер дефинитивно ќе ја памети цел живот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА