Мистеријата продолжува и по пет години од несреќата на Шумахер

„Трките се живот, а животот е ризик“ – рече пред неколку години еден од најславните спортисти во историјата Михаел Шумахер.

Човекот кој низ годините секој викенд го ризикуваше животот возејќи со 300 килиометри на час за дојде до седум шампионски титули во Формула 1 и 91 победа во кариерата и секогаш успеваше да излезе негребнат, настрада онаму каде што најмалку очекуваше.

Иронијата на животот си поигра со неговата судбина, па Шумахер кој беше дел од најризичниот спорт, настрада на одмор, скијајќи.

Пред точно пет години, Германецот кој веќе ја имаше завршено кариерата, продолжи да ризикува. Отиде на необележаниот дел од патеката, незгдно падна директно на глава удирајќи во камен.

Оттогаш животот на Михаел Шумахер е една од најголемите мистерии. Откако стана јасно дека рехабилтација или воопшто нема да има или таа ќе оди исклучително бавно, неговото семејство се повлече и информациите за состојбата на Шумахер се минимални, речиси никакви.

Каква е точно во моментов здравствената сосотјба на големата ѕвезда не знае речиси никој освен неговото семејство. Сопругата Корина е вистинска брана во протокот на вести во јавноста. Пред извесно време се појавија одредени информации во дел од светските медиуми. Се тврдеше дека веќе не е врзан за кревет и дека не му се непоходни апарати за да дише. Сепак единствената изјава која е појави во последните години е онаа на Жан Тод кој рече дека го гледа, но не откри повеќе детали.

Се претпоставува дека Шумахер живее во Швајцарија во куќа кој во голем дел личи на клиника. Трошоците за лекувањето се 55 ооо евра неделно. Шумахер според Форбс до моментот на несреќата имаше заработено 840 милиони евра.

Големинта на Михаел Шумахер во светот на Формула 1 му држи отворени врати на неговиот син Мик кој покажува интерес за брзините. Тој беше поврзуван со неколку Ф1 тимови. Од Ферари велат „како да кажеме не на некој што се презива Шумахер“

Се вчитува...