Мистериозната повреда на Еден Азар и долгиот „принуден одмор“

Повредата на мускулот на Еден Азар буквално е мистерија. Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан потврдува дека повредеата е „повеќе од тоа што очекувале“. Тој признава дека првичната дијагонза од 30. септември за повреда на мускулот на левата нога не била точна.

Азар е без тренинг од 29. септември кога и ја доби повредата. Враќањето на теренинзи останува исто така мистерија. Тој планира да се врати за дуелот против интер на 3. ноември но од клубот воопшто не се толку оптимисти. Од Реал велат дека тој би можел да се врати некаде околу 21-22 ноември или по паузата за репрезентативни настапи.

Азар уште од доаѓањето во Реал Мадрид има проблеми и не успева да ги оправда очекувањата од него. Белгиецот по седум години во Челси во 2019 направи трансфер во Мадрид стана најпалтениот играч на клубот по Герет Бејл.

 

 

 

Се вчитува...