Мите Цикарски е најновото засилување на Академија Пандев (ФОТО)

Поранешниот македонски репрезентативец Мите Цикарски е најновото засилување на Академија Пандев.

27-годишниот Цикарски во својата кариера има настапувано за екипите на Етникос Ахна, Јанина, Газ Метан, Вардар и Работнички.

Цикарски, кој веќе се приклучи на тренинзите на сениорскиот тим, без сомнение ќе биде повеќе од квалитетно засилување за составот на Југослав Тренчовски.

Се вчитува...