Митков си оди од Брегенц, но останува во Австрија

Влатко Митков си заминува од редовите на Брегенц, но искусниот македонски ракометар не планира да ја заврши кариерата. Напротив, 38-годишниот Митков си обезбеди трансфер во нов клуб во Австрија, во второлигашот од оваа земја Холабрун.

Митков во својата богата меѓуанародна кариера има настапувано и во бундеслигашите Вецлар и Балинген, а последните осум години ги мина во Австрија, каде настапуваше во Кофлах, Кремс и Брегенц.

Влатко Митков во кариерата има одиграно 91 натпревар во дресот на Македонија, притоа постигнувајќи 78 погодоци.

Се вчитува...