Митревски херој – Работник тргна со реми во Добој

Ракометарите на Работник го стартуваа настапот на турнирот во Добој со реми против швајцарскиот прволигаш Луцерн (24-24). Битолчани влегоа како фаворити на овој меч, но веќе трет натпревар не знаат за победа, откако претходно загубија од АЕК и од Вардар.

Дуелот во Добој донесе израмнета битка, на одмор се замина со предност на Луцерн од 13-14, а македонскиот вицепрвак најубедливата предност ја имаше на стартот од второто полувреме, кога поведе со 17-14. Швајцарците експресно се вратија во мечот, се играше израмнето до самиот крај, а најзаслужен што натпреварот не заврши со пораз на битолчани е голманот Никола Митревски, кој одбрани зицер во самиот финиш.

Работник утре во рамките од второто коло ќе се сретне со домаќинот Слога Добој.

Се вчитува...