Митревски и донесе победа на Констанца во дуелот со ЧСМ Букурешт

Екипата на Констанца во чиј состав се Никола Митревски и Велко Маркоски, а во стручниот штаб Бранислав Ангеловски, славеше гостинска победа против ЧСМ Букурешт  за кој настапува Гоце Георгиевски. Констанца во поголемиот дел од натпреварот беше во водство и стигна до важни гостински бодови.

Гоце Георгиевски постигна пет гола и заедно со Мариуш Нованц и Александар Туменцев го прдводеше тимот на ЧСМ Букурешт. Во составот на Констанца, Никола Митревски запиша 14 одбрани и беше еден од најзаслужните за триумфот на гостинскиот тим, а Велко Марковски вообичаено беше задолжен за одбранбените задачи и не се запиша во листата на стрелците.

За Констанца ова е прва победа по стартниот пораз на домашен терен од Сучеава, а за ЧСМ Букурешт втор пораз во серија.

Во натпреварот од 2.коло во Романија, Одорхеи загуби на гостувањето кај Турда (34-28), а Горан Кузманоски беше стрелец на четири гола.

Темишвар на чиј гол е Златко Даскаловски ја запиша првата победа совладувајќи ја екипата на Васлуи со 28-23.

Се вчитува...