Митревски и Порто до реми кај Веспрем, Алборг сигурен со Мешков Брест

Никола Митревски и неговиот Порто успеаја да стигнат до реми на гостувањето кај големиот фаворит Веспрем (28-28) во 11. коло од групата Б во ракометната Лига на шампиони. Еден натпревар кој во сите шеесет минути беше во егал на крајот најреално беше да заврши без победник.

Митревски не доби шанса на овој меч освен што влезе да одбрани само еден пенал, па натпреварот го заврши без одбрана. Ненадиќ и Мае со по шест гола беа први имиња кај домаќините, додека кај гостите по четири постигнаа Веитиа Валдес, М’Бенгуе и Салина.

Алборг славеше на гостувањето кај Мешков Брест со 30-33. Првото полувреме изобилуваше со доминација на двата напади, игра во која гостите подобро се снајдоа и на пауза заминаа со предност од два гола 15-17. Во вториот дел одбраните заиграа подобро, но и во таква ситуација Данците успеаја да го исконтролираат мечот и на крајот да стигнат до триумф од 30-33. Феликс Клар со седум погодоци беше најдобар поединец кај Данците, додека кај домаќините поранешниот Вардарец, Сташ Скубе заврши со осум гола.

Со овој триумф Алборг го презеде врвот на табелата во групата А искористувајќи го поразот на Монпелје на домашен терен од Вардар.

Се вчитува...