Митревски погоди за важна победа на Алашкерт (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Ристо Митревски со погодок партиципираше во победата на Алашкерт од 1-3 на гостувањето против Арарат во плеј-офот од шампионатот на Ерменија.

Митревски погоди по корнерот пред самиот финиш на полувремето со што донесе предност од 1-2 за својот тим во тие моменти. Ова е втор гол за македонскиот фудбалер сезонава во дресот на ерменскиот прволигаш.

Алашкерт во второто полувреме постигна уште еден гол за конечен триумф.

Се вчитува...