Митровиќ: Штета за Пикси, направи многу за српската репрезентација…

Фудбалската Федеација на Србија го именуваше Пауновиќ за нов селектор, додека екс-кормиларот Драган Стојковиќ – Пикси моментно е најомразена личност во спортската јвност кај нашиот северен сосед.

Ниту еден репрезентативец не се огласи јавно по заминувањето на Стојковиќ од кормилото на националниот тим, a голгетерот Александар Митровиќ во своето последно интервју проговори на оваа тема. Притоа, асот на Ал Итихад јасно стави до знаење дека не смее да биде заборавено што се Стојковиќ направи позитивн за „орлите“.

„Жал ми е бидејќи крајот беше несреќен, бидејќи Пикси направи многу за српската репрезентација. Игравме на СП, потоа по повеќе од 20 години пауза обезбедивме и пласман на ЕП. Мислам и дека има најмногу победи од сите селектори во историјата на нашата репрезентација. Секако, имавме и некои лоши делови во ваа заедничка авантура, но тоа е фудбал, тоа е живот… Благодарни сме му за се, сега гледаме само напред кон иднината“, истакна Митровиќ.

Се вчитува...