Василије Мициќ не доби шанса каква што заслужува во НБА-лигата, па одличниот српски плејмејкер е подготвен за камбек во Евролигата.
Тој веќе доби неколку одлични понуди, но ги одби обидите на Хапоел и на Дубаи инсистирајќи на тим со шампионски амбиции, а последните информации говорат дека Србинот е подготвен за големо предавство. Имено, извонредниот плејмејкер е многу блиску до потпис со европскиот првак Фенербахче, информација што сигурно ќе ги разочара фановите на лутиот ривал Ефес.
Мициќ најдобрите моменти во кариерата ги мина токму во дресот на Ефес, предводејќи го овој тим до две евролигашки титули во 2021 и во 2022 година, при што во 2021 се закити и со евролигашкото МВП признание. Олимпијакос исто така испратил понуда до Мициќ, но финансискиот аспект е далеку подобар во понудата на Фенер.
Турскиот тим планира да донесе нов врвен плејмејкер во тимот и нема да жали пари за Мициќ, а Србинот начелно ја прифатил понудата и се очекува следната седмица да биде официјализиран овој трансфер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА