МКФ потврди: Овој месец стартуваат натпреварите во младинските лиги

Првото првенствено коло во М18 лигатa е предвидено да се одигра на 27. февруари. Поради ситуацијата со коронавирус, младинските лиги (мажи и жени) за сезона 2020/2021 беа одложени за извесен временски период, и ќе стартуваат од овој месец.

Сите натпревари ќе се одигруваат според Протоколот за „Covid 19“, пропишан од Владата на РМ, и приспособен од страна на федерацијата.

Првото првенствено коло, во М18 конкуренцијата (мажи) ќе се одигра на 27. февруари. Она во М16 на распоредот е на 6.март, додека во М14 лигата во машка конкуренција е предвидено за 20.март.

Се вчитува...