МКК Куманово славеше на гостувањето кај Чаир

Кошаркарите на МКК Куманово стигнаа до нова победа во домашниот шампионат откако вечерва славеа на гостувањето кај Чаир со 83-91 во последниот натпревар од 2. коло од плеј-аутот во Суперлигата.

Кумановци уште од самиот старт тргнаа силно и во текот на сите 40 минути го контролираа мечот, па на крајот стигнаа до рутински триумф од 83-91. Стојан Ѓуровски со 27 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Билингсли постигна 26 поени.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...