Кошаркарите на МКК Куманово стигнаа до очекувана победа на гостувањето кај Феникс од 92-98 во натпревар без никакво резултатско значење кој беше последен за двата тима сезонава во домашниот шампионат.
Феникс следната сезона ќе биде во второто по ранг натпреварување, додека Куманово по неуспехот да се пласира во плејофот на крајот се задоволи со првата позиција во плејаут фазата во македонската елита.
Aндрија Стевановиќ со 23 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Лука Савичевиќ заврши со 22 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
